31-но оро во музичката збирка “Македонска разгледница” на Гоце Џуклески

Виртуозот на хармоника, одличен музичар и композитор Гоце Џуклески, ја промовираше неговата книга “Македонска разгледница”. Книгата претставува мини учебник, во кој се сметени 31-но оро од неговата колекција на музичко творештво.

“Македонска разгледница” е насловот на книгата од познатиот музичар Гоце Џуклески, која претставува еден вид на мини учебник, односно музичка збирка на дел од неговото музичко творештво. “Охридска чалгија”, “Божикна веселба”, “Велигденско славје”, “Љубовна белегзија”, “Филипово оро”, се само дел од ората кои што се наоѓаат во мини учебникот.

-Па би можело да се каже дека претставува своевиден мини учебник кога се работи за свирење на македонска музика. Познато е тоа дека јас го негувам македонскиот стил на свирење, покрај тоа јас и компонирам во тој стил веќе 4 децении наназад. Така, ете после толку години во договор со мојот пријател и соработник Сашо Ливрински го направивме овој мини учебник, односно музичка монографија или збирка на дел од моето музичко творештво. Тука е направен избор на 31-но оро.-открива Џуклески за естрадниот магазин Естрада плус.

Гоце одржа и официјална промоција на “Македонска разгледница” во Градската Библиотека “Григор Прличев”, пред многубројни гости, вљубеници во македонската музика и  негови блиски пријатели и соработници.

-Јас размислував промоцијата да ја направам во Охрид и токму тоа се случи. Промоцијата беше во Градската Библиотека Григор Прличев. Презадоволен сум од атмосферата, имаше доста позитивна енергија, салата беше преполна. Добив голем број позитивни коментари и критики.-додава Гоце, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, книгата “Македонска разгледница” е во склоп на прославувањето на неговиот јубилеј од 40 години музичко творешство.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*