По промоцијата на спотот, Ташко најавува нови песни

Уште неколку нови песни најави Ташко Каранфиловски при интервјуто за ИН ТВ. Една од песните е во рацете на добропознатите Борче Нечовски и Дејан Момировски.

Ташко Каранфиловски напорно работи на својата музичка кариера и секој момент го користи за снимање нов материјал. Изминативе денови промовираше спот за песната која е посветена на неговата сопруга, а носи наслов “Само едно ми е важно”. Но, тој во моментов повторно крчка нешто. Во интервјуто за ИН ТВ, Ташко за следниот период најавува уште неколку нови песни од кои едната ќе биде во соработка со добропознатиот тим Борче Нечовски и Дејан Момировски.

-Имам неколку нови песни кои што се готови, но еве за неколку недели публиката ќе има можност да ја слушне и мојата нова песна која ќе биде во соработка со Борче Нечовски и Дејан Момировски, заедно се разбира со видео кое ќе го работи ИН Продуција. Тоа ќе биде за неколку недели, додека не се подготви цела.-открива Каранфиловски, за естрадниот магазин Естрада плус.

А кога станува збор за настапите надвор од Македонија, добропознато е дека Ташко често патува во Шведска. Тој во интервјуто ни откри дека на 16-ти ноември има веќе закажан настап во Гетебург каде овој пат ќе пее на забавата од Женскиот актив.

-На 16-ти ноември ќе настапувам на Женската забава од Женскиот актив од Гетебург. Веќе неколку години им пеам на тие прекрасни жени и еве повторно по нивно барање и годинава пак ќе бидам присутен на таа забава. Си поминуваме супер, правиме една вечер да ни изгледа онака како што ние посакуваме.-вели познатиот пејач.

Ташко после настапот ќе се врати во Македонија, но по недела и пол повторно ќе отпатува во Шведска бидејќи има уште еден резервиран настап во Гетебург во македонскиот клуб “Гоце Делчев”.

А во продолжение погледнете го неговиот најнов спот !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*