КУД “Илинден” на насловна страница на Австралискиот весник “Шампион”

Културно уметничкото друштво “Илинден” деновиве се најде на насловната страница на Австралискиот весник “Шампион”. Младите играорци со свои кореографии се претставија на Фестивалот за Македонска традиционална храна, кој се одржа во Мелбурн, Австралија.

Весникот “Шампион” пред два дена на насловната страна ги имаше младите играорци од македонското културно уметничко друштво “Илинден” од западен Сиднеј.

Еден од насловите на весникот гласеше – “Горди на идентитетот”. Весникот фасциниран од младите играорци кои од Сиднеј отпатуваа на македонскиот фестивал на храната, за да се претстават со својот фолклор и култура.

Културно уметничкото друштво “Илинден” oд Западен Сиднеј постои само неколку години и за кратко време забележува огромни успеси посебно кај најмладите Македонци – пренесува “Шило Магазин”.

Прекрасно е да се види дека нашите деца продолжуваат да бидат горди на своето македонско наследство и нивниот идентитет “, рече претседателот Борче Сугаревски на МКУД Илинден Западен Сиднеј Борче Сугаревски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*