Живе Мешуревски во Преспанскиот крај сними спот за песната “Не плаши се”

Младиот и талентиран Живе Мешуревски сними спот за неговата најнова песна која што нови наслов “Не плаши се”. Видеото се снимаше на неколку локации во Отешево и Претор во соработка со ИН Продукција.

Во последно време, доста млади пејачи од нашата земја напорно работат на нивните музички кариери и постојано снимаат нова македонска авторска музика, што е доволен показател дека македонската музика оди во нагорна линија.

Еден од тие млади, но квалитетни пејачи е и талентираниот Живе Мешуревски кој што деновиве сними спот за неговата втора песна која е насловена “Не плаши се”. Снимањето се одвиваше на неколку прекрасни локации во Преспанскиот регион, а во соработка со ИН Продукција.

-Најпрво би сакал да кажам дека имав желба и спотот за првата песна да го снимам во Преспанскиот регион, но околностите тогаш не дозволија, па овојпат решив и сакав да биде во Ресен и ете ми се оствари желбата. Снимавме во околината на Отешево и во Претор на крајбрежјето на убавото Преспанско езеро.-истакна Мешуревски за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај Живе, во видеото се појавува и прекрасната девојка Моника, која воедно е модел во студиото Црнокрак.

-Моника беше супер, задоволен сум од неа бидејќи одлично си ја заврши нејзината работа. Морам да потенцирам дека атмосферата на снимањето беше одлична, ќе ја поздравам целата екипа на ИН Продукција, презадоволен сум од снимањето и соработката со нив.-вели младиот пејач, во интервјуто за ИН ТВ.

Текстот за песната го напиша добропознатиот текстописец Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се дело на Дејан Момировски.

-Песната е со љубовна тематика, како што и доликува на еден млад пејач. Ритамот е побрз, можам да кажам дека станува збор за модерна фолк песна. Се надевам дека ќе и се допадне на публиката.-додава тој.

Инаку, Живе доста често и настапува низ локалите, но и семејните прослави во неговиот регион, заедно со група Кода.

Тој во интервјуто за ИН ТВ ни откри дека во следниот период заедно со група Кода, ќе промовираат проект кој ќе биде отсвирен и отпеан во живо, а ќе се состои од убави и добропознати македонски народни хитови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*