Албумот “Велат не нема” на Влатко Миладиноски промовиран во ИН ТВ

Влатко Миладиноски го промовираше третиот албум кој е насловен по неговиот најголем хит “Велат не нема”. На албумот има 10 песни, кои се во соработка со голем број автори и музичари од нашата земја.

Секогаш го исполнува она што го ветува. Влатко Миладиноски ни гостуваше во студиото на ИН Продукција, а поводот беше промоцијата на неговиот трет по ред студиски албум, на кој носечка песна е “Велат не нема”. Албумот се состои од двд и аудио издание, а на него има десет песни од кои “Ај да ојме Јано”, “Жени ме мамо”, “Се за тебе Софке” и уште некои кои Влатко ги работеше во изминатите години.

-Златко секогаш е автор на моите песни во било кој дел. Конкретно на овој албум имаме неколку автори како гости. За насловната Велат не нема, ќе ги поздравиме Тоде Новачевски кој ја направи музиката и Крсте Наумовски-Мечкар кој го напиша текстот. Имам уште еден текстописец гостин, Борче Нечовски, имам три текста од Ѓорги Калајџиев, еден текст од Драган Матески и за Кој ти мрси руси коси таа е стара песна од групата Цар Самоил од Охрид, нејзини членови се автори, музика Мухамед Бајрам и текст Трајче Крстаноски, додека аранжманот за оваа верзија е на Златко Миладиноски.-истакна Влатко, за естрадниот магазин Естрада плус.

Песните се снимени во повеќе музички студија во Скопје и тоа во “Анастасија”, “XXL” и “City Sound”. Со свои инструменти на некои од песните гостуваат Филип Нуне-труба, Џело Дестановски-зурла, Стевче Стојкоски-кавал, Златко свири на десетина инструменти, Орце Лазаров-бас, Даме Коларов и Горан Гаџев на тапани.

Влатко во интервјуто за ИН ТВ вели дека во следниот период започнува со снимање на нови песни и лека полека ќе го комплетира и четвртиот албум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*