Менде Куновски започнува соло кариера

Со прекрасна љубовна балада, Менде Куновски ја најавува неговата соло музичка кариера. Песната „Празен календар“ ја претстави заедно со спот, преку официјална промоција пред многубројните гости во хотелот Епинал во Битола. 

Пред многубројните гости, негови блиски пријатели, роднини и музички соработници, во хотелот Епинал во Битола, Менде Куновски го промовираше неговото првенче кое што е насловено „Празен календар“. Интересно е тоа, што со оваа прекрасна љубовна балада која што е во модерен фолк стил, Менде ја најавува неговата соло кариера.

-Чувството е неописливо. Ова е нешто што го чекав долги години наназад и доста долго време го планирав, па ете конечно ми се исполна желбата. Ова ќе биде само еден почеток на она што ќе следува понатаму.-изјави Куновски, во интервјуто за ИН ТВ.

Текстот за песната „Празен календар“ е дело на Борче Нечовски, а зад музиката и аранжманот се потпишува добропознатиот музичар Николче Мицевски. Песната е снимена во студио “XL” кај Дејан Момировски.

Кога станува збор за видеото, Менде ни откри дека снимањето се одвиваше во ресторанот Билјанини Извори во Охрид, како и во прекрасниот амбиент на хотелот Шумски Фенери во Битола.

Во видеото се појавува и прекрасниот модел Анита Јовческа од студиото за убавина Империјал од Битола, која одлично се снајде во нејзината улога.

Менде во интервјуто вели дека негова единствена желба е песната да остави траен белег и да биде слушана кај народот, а за следниот период најавува и продолжение на песната, односно втор дел, но и уште неколку нови композиции кои ќе бидат во сличен стил на „Празен календар“.

Во продолжение погледнете го спотот и уживајте во прекрасната балада на Менде Куновски !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*