Ед Ширан ја презема титулата од Адел

По бројните рекорди кои ги постави во својата кариера, пејачот Ед Ширан неодамна стана сопственик на уште една титула.

Имено, тој стана најбогата и најуспешна британска ѕвезда помлада од 30 години, а од тронот ја отстрани познатата Адел.

Ед оваа година двојно го зголеми своето богатство и според пишувањето на британските медиуми, во моментов на сметката има 170 милиони фунти, а неодамна се пишуваше и дека е сопственик на 22 куќи.

Сето тоа му овозможи да оди на пауза кога станува збор за кариерата, а повратот на музиката го најави за дури неколку години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*