(ВИДЕО) Ќе ве наежи : Ташко посвети песна на неговата сопруга

Ташко Каранфиловски го промовираше неговиот најнов спот за песната “Само едно ми е важно”. Како што ни открива тој, песната е посветена на неговата сопруга. Видеото се снимаше во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Изминативе денови се снимаше новиот спот од Ташко Каранфиловски за песната “Само едно ми е важно”. Станува збор за љубовна песна, во брз и модерен ритам.

Текстот е дело на Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот ги направи Славко Ристески.

Ташко гостуваше во студиото на ИН Продукција при што ни откри дека песната е посветена на неговата сопруга Мартина, која воедно е главниот лик во видеото.

-Мартина одлично одигра, па ќе видиме како ќе се прикаже. Песната Само едно ми е важно е наменета за неа, таков е и текстот. Морам да кажам дека песната беше наменета за Валандовскиот Фестивал, но беше одбиена. Затоа ете денес дојде ред за неа да снимиме видео. Мартина одигра супер, за прв пат се појавува во спот па се надевам дека ќе им се допадне на гледачите.-раскажува Ташко, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Снимањето се одвиваше во хотелот Инекс Горица кој се наоѓа на Охридското крајбрежје, а видеото го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција. Спотот е веќе пуштен во етер, а премиерно беше прикажан на сателитската ИН ТВ.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*