Ташко Каранфиловски сними спот за песна посветена на неговата сопруга

Ташко Каранфиловски во соработка со ИН Продукција сними спот за песната “Само едно ми е важно”. Во видео записот, покрај Ташко се појавува неговата сопруга Мартина за која што е посветена оваа песна.

Песната “Само едно ми е важно” од Ташко Каранфиловски ќе си добие свое видео. Снимањето на новиот спот од Ташко се одвиваше во хотелот Инекс Горица кој се наоѓа на брегот на Охридското крајбрежје, во соработка со ИН Продукција. Во видеото како главен женски лик се појавува неговата прекрасна сопруга Мартина, која одлично ја одигра нејзината улога.

-Мартина одлично одигра, па ќе видиме како ќе се прикаже. Песната “Само едно ми е важно” е наменета за неа, таков е и текстот. Морам да кажам дека песната беше наменета за Валандовскиот Фестивал, но беше одбиена. Затоа ете денес дојде ред за неа да снимиме видео. Мартина одигра супер, за прв пат се појавува во спот па се надевам дека ќе им се допадне на гледачите.-истакна Каранфиловски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот за песната “Само едно ми е важно” го напиша Огнен Неделковски,музика и аражман на Славко Ристески а снимена е во студиото Просаунд кај Славко Ристески.

-Се работи за многу убава песна со многу убав текст, ќе видиме што ќе кажат и гледачите, но можам да кажам дека песната е за повеќе генерации Само едно ми е важно, да ме сакаш и Кога снага ќе ми скршат сите години. Значи се работи за повеќе генерации. Песната е љубовна, но во брз и модерен ритам.-додава Ташко, за гледачите на ИН ТВ.

Покрај оваа песна, Ташко за следниот период најавува уште една која што ќе ја промовира заедно со видео запис. Тој ни откри дека песната ја работат Борче Нечовски и Дејан Момировски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*