Ексклузивно : Стојне Николова и Дамјан Стојаноски со заедничка песна на Роса Фест

Нов дует на повидок. Заедничка песна со Дамјан Стојаноски, како и фестивалски настап најавува Стојне Николова. Таа се надева дека нивниот проект ќе и се допадне на јавноста.

На овогодинешното издание на Роса Фест со заедничка песна ќе настапат Стојне Николова и Дамјан Стојаноски. Ова го откри Стојне во неодамнешното интервју за ИН ТВ додавајќи дека песната веќе се подготвува во студиото на Бобан Мојсовски.

-По четврти пат ќе настапам на Роса фест, овојпат во дует со Дамјан Стојаноски. Песната уште не е готова, но се подготвува. Знаеме навистина и двајцата што сакаме, музиката и аранжманот ќе бидат на Бобан Мојсовски, а текстот најверојатно ќе биде на нашиот долгогодишен соработник Огнен Неделковски.-истакна атрактивната пејачка, за естрадниот магазин Естрада плус.

 

Во интервјуто Стојне ни раскажа како дошла идејата за дуетска песна и зошто го одбрала токму Дамјан.

-Јас и Бобан разговаравме околу тоа дека ми треба дует и дека сега е вистинското време. Па мислевме дека баш би се совпаднале гласовно и двајцата сме млади, затоа одлучивме да направиме дует со Дамјан и мислам дека ќе испадне убаво.-додава таа, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Стојне веќе го издаде и нејзиниот прв солистички албум, кој што е насловен “Мелем за душа”. Албумот се состои од аудио и двд издание, а во него се собрани сите песни на кои што Стојне работеше изминатите години. Тука се нејзините познати хитови “После мене”, “Око мое”, “Спремај мајко дарови”, “Мелем за душа” и уште многу други.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*