Душко Тошиќ ја отследи Карлеуша од Инстаграм

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во центарот на вниманието од почетокот на годината. Имено, откако беше објавено дека наводно Јелена имала љубовна афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, српските медиуми не престануваат да пишуваат за еден од најпопуларните парови.

Најпрво кружеа гласини дека парот се разведува и дека не се во најдобри односи, а потоа овие гласини се покажаа како неточни. Меѓутоа, деновиве повторно српските медиуми пишуваат дека на Јелена и Душко не им оди најдобро во бракот.

Имено, Тошиќ ја отследи Јелена од својот „Инстаграм“, но ги избриша и заедничките фотографии од социјалните мрежи.

Поради ова, српските медиуми пишуваат дека кај парот повторно има проблеми во бракот. Душко моментално се наоѓа во Кина, а Јелена е во Србија каде што ги снима „Ѕвездите на Гранд“.

Дали се е во ред во бракот на Јелена и Душко или пак се во брачна криза, ќе покаже времето.

За потсетување, Јелена досега ги демантираше написите дека имала нешто со босанскиот фудбалер.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*