Џенифер Лопез направи моден прекршок

На 11-тото доделување на наградите организирано од страна на Академијата за филмска уметност и наука, Џенифер Лопез се појавила во тоалета што им оставила впечаток на сите присутни, но негативен.

Иако таа секогаш освојува на црвениот тепих, но овој пат ситуацијата е поинаква. За ова појавување одбрала фустан што повеќе личел на предимензионирано здолниште.

Кројот ги сокрил сите нејзини облини по кои е позната, а многумина коментираа дека изгледа како да облекла вреќа. Фустанот е премногу тесен околу градите, па нејзината фигура изгледала уште почудно. Грбот и бил во прв план, што направило да изгледа мажествено.

Единственото нешто за коешто се согласиле модните критичари е тоа дека бојата на фустанот е полн погодок. Освен тоа, добила пофалби за интересната фризура. Генералниот впечаток е дека таа може многу подобро.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*