Ќе се снима серија за Аца Лукас

Наскоро ќе се започне со снимањето на нова серија за животот на српскиот фолк-пејач Аца Лукас, пишуваат српските медиуми.

Дневниот весник „Информер“ пренесува дека пејачот нема да глуми, но ќе биде дел од екипата.

„Аца Лукас нема да игра во серијата, но ќе учествува во изборот на глумци. Во моментов глумците Драган Гаги Јовановиќ и Жика Тодоровиќ се во најтестниот круг на Лукас, а неговата поранешна сопруга Соња, веројатно ќе ја игра Теодора Бјелица. Теодора во филмот „Афтерпарти“ покажа дека нема проблем да се соблече гола. Публиката може да очекува многу провокативни сцени“, изјавил извор близок до продуцијата која се очекува да ја сними серијата.

Неименуваниот извор открива дека публиката ќе има можност да откријат многу работи кои Лукас досега ги чувал како тајна.

„Ќе се прикажат сцени во кои пејачот се коцка, губи пари, конзумира дрога. Се разбира ќе има и убави работи. Како ги надминува сите проблеми и продолжува со животот. Како ги полни салите и се занимава со хуманитарна работа“, дополнува изворот.

Аца Лукас досега има еднаш глумено. Тој се појавил во филмот „Есента на самурајот“ и за улогата доби голем број пофалби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*