Убавините на Маврово и Галичник во првиот спот на Игор Андреевски

Убавините со кои што изобилуваат Маврово и Галичник ќе бидат претставени во првиот спот од младиот пејач Игор Андреевски. Станува збор за песната “Спомени”, за која што видеото го работи ИН Продукција.

“Спомени” е насловена најновата песна на младиот и талентиран Игор Андреевски. Како што веќе и претходно напоменавме, иако е доста млад тој самиот е автор на своите песни, а периодов неуморно работи на творење нова авторска музика.

Тој деновиве на повеќе локации во Маврово, но и на атрактивното место Галичник го сними првиот видео запис и ја одбра токму оваа песна.

Во видеото покрај Игор, се појавува и прекрасната девојка Марија Велјановска, која одлично се снајде во нејзината улога. Видео записот Игор одлучи да го работи заедно со  неговите нови соработници од ИН Продукција.

Видео записот за песната “Спомени”, во најскоро време се очекува да биде прикажан на сателитската ИН Телевизија.

Инаку, Андреевски зад себе има уште четири авторски песни, како и неколку преработки на стари македонски песни. Во следниот период најавува комплетирање на неговиот прв албум.

Тој е и доста баран на семејните прослави низ Македонија, а соработува со голем број музичари од македонската естрада.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*