Атрактивното село “Зовиќ” за првпат добива своја песна

Селото “Зовиќ” за првпат си доби своја песна, а живописните убавини од ова атрактивно место ќе бидат прикажани во новиот спот на Димитрија Кулески-Кулето и група “Чебрен” кои што се главните виновници за песната.

Димитрија Кулески-Кулето и група “Чебрен” деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео запис за песната која што е насловена “Зовиќ”. Ова е прва песна посветена на селото Зовиќ, кое се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово во рамки на Општина Новаци.

Видеото се снимаше на неколку препознатливи локации во околината. Најпрво снимањето се одвиваше на познатиот Зовички мост кај Градешка Река, каде што се снимени неколку филмови на Милчо Манчевски.

И за првпат, преку видео ќе биде прикажан Чебренскиот манастир. Станува збор за средновековен манастир составен од 2 цркви „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“ веднаш на десниот брег на Црна Река во некогашното раселено Чебрен, денес во рамки на атарот на Зовиќ.

По областа Чебрен и оваа група го добива своето име.

Со оглед на тоа што ова е прва песна за селото Зовиќ, Димитрија и неговите колеги од група “Чебрен” се надеваат дека ќе допрат до срцата на сите жители кои потекнуваат од ова познато место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*