“Танец” со Гранд При во Париз

Гранд При во Париз освоија “Танец”, најголемите амбасадори на Македонија ширум светот. Денес, тие остварија и средба со амбасадорката на Македонија во Париз, Јадранка Чаушевска Димов.

Дел од составот на “Танец”, учествуваа на Меѓународниот фестивал на уметностите “Les Etoiles De Paris”.

Во конкуренција од над 350 учесници, оркестарот на “Танец” се закити со нов пехар, односно ја освои најголемата награда-Гранд При. Нашите врвни музичари, настапија под водство на Дарко Илиевски.

Нивниот настап беше проследен со громогласни аплаузи на отворена сцена, а беа испратени со овации од страна на публиката.

По повод освоеното Гранд При, “Танец” денес беа во посета на македонската амбасада во Париз на покана на амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов.

А во следниот период, на огромно задоволство на сите наши македонци, “Танец” заминува на голема турнеја во Австралија.

Ќе одржат вкупно пет концерти од кои два во Мелбурн, еден во Канбера и уште два концерти во Сиднеј. На турнејата во Австралија, составот на Танец заминува на 11-ти ноември, а ќе останат до 27-ми истиот месец.

Во продолжение погледнете го нивниот настап во Париз !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*