Стојне Николова го издаде првиот албум

Стојне Николова го издаде нејзиниот прв албум кој што е насловен “Мелем за душа”. На албумот ги има сите нејзини песни на кои што таа работеше изминативе неколку години.

“Мелем за душа” е насловен првиот албум на Стојне Николова. Албумот се состои од аудио и видео издание, со нејзини новокомпонирани песни, односно на албумот го има сето она кое што Стојне го работеше во изминатите неколку години. Таа при интервјуто за ИН ТВ не го криеше задоволството од нејзиното првенче, за кое што како што вели добила бројни позитивни коментари од нејзините блиски пријатели и соработници.

-Презадоволна сум бидеќи ова е мојот прв аудио и видео албум, со мои новокомпонирани песни, поддржано од Мојсо Продукција, а Сенатор го издаде цд-то. Навистина сум задоволна, моите најблиски се радуваат. Имам само позитивни коментари, еве честопати знам да објавам и на Инстаграм, како ги шеруваат и слушаат додека возат некаде, така да се надевам дека ќе помине. Веќе има и доста песни кои што ми ги бараат и на настапи.-истакна Николова, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, деновиве во етер и на јутјуб каналот е пуштен и музичкиот дуел на Стојне Николова со нејзината колешка Елена Јовческа. Нивниот заеднички проект е микс од најдобрите македонски забавни и народни песни.

А како што ни открива Стојне, периодов се подготвува и нејзината дуетска песна со Дамјан Стојаноски, со која што ќе настапат на годинешното издание на “Роса Фест”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*