Спотот за песната “Камера” од Кико и Болеро мега популарен на социјалните мрежи

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот за песната “Камера”  од Кико и група Болеро?!

Познатиот фолк пејач, Христијан Божинов Кико, заедно со група Болеро преку песната “Камера”, успеаја да направат вистинска пародија на добро познатото селфи, односно на селфи камерата, а со тоа кренаа вистинска прашина во јавноста.

Деновиве на социјалните мрежи, но и по медиумите со голема брзина се шири нивниот спот, кој за само неколку дена крена над 15 илјади гледаност на јутјуб. Коментарите околу спотот и песната се поделени, бидејќи секој ги сфатил на свој начин. Некои од коментарите се позитивни и доста нивни фанови го поздравуваат овој потег на Кико и Болеро, а некои се против. Едно е сигурно, Кико и Болеро со овој можда чуден и необичен начин, успеаа да ја размрдаат македонската јавност.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*