Македонската песна е доста негувана од македонците во Виена

“Македонската песна е доста негувана од македонците во Виена.” Ова го истакна Павле Кајмакоски при гостувањето во ИН Продукција. Покрај бројните настапи кои што ги остварува периодов таму, во преговори е за настап во Германија.

Павле Кајмакоски долги години живее и работи во Виена, Австрија. Иако е надвор од Македонија, тој сеуште ја негува македонската песна и вели дека истата е доста барана во Виена.

Тој вели дека македонците кои живеат таму се стремат кон тоа да го зачуваат сето она што е македонско.

-Во Виена се негува доста македонската музика. Имаме и фолклор,  Црковна Општина, културни друштва. Ја имаме и навивачката група Македонска фаланга, која е задолжена за навивање во околните и блиски држави, како што се Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Германија, Италија. Ние сме секогаш присутни и навиваме за нашите македонци.-истакна Кајмакоски, во интервјуто за ИН ТВ.

Откако, периодов го помина во Македонија и сними две нови песни, Павле се врати во Виена на неговите работни ангажмани и настапи. Тој вели дека агендата за есенскиот и зимскиот период, за него е полна. Кајмакоски за периодот кој следи најавува и настап во Германија.

-Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото секогаш го поминуваме тука во Македонија бидејќи тука се случува се, како за одмори така и за свадби, крштевки. Инаку, во преговори сум за Германија. Не знам точно кога ќе биди тоа, но во преговори сум за Германија да бидам дали за Дочекот на Нова Година или после тоа за Божиќ, не сум сигурен кога точно, ама едно од тие две ќе биде.-додава тој.

Во студиото на ИН Продукција тој деновиве ги промовираше двете негови авторски дела, “Александар Цар Македонски” и “Покрај тебе да остариме”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*