Дарко Стојаноски за прв пат ќе оствари Австралиска турнеја

Дарко Стојаноски при гостувањето во ИН Продукција ја најави престојната Австралиска турнеја. Дарко за прв пат ќе има убава можност да се претстави пред нашинците во Австралија, а ќе настапува заедно со неговиот колега и близок пријател, Спасен Силјаноски со кој има одлична соработка.

Фолк пејачот Дарко Стојаноски соработува со бројни музички имиња од македонската естрада. Но, најповеќе ја истакнува соработката со неговиот колега со кого потекнуваат и од ист крај, фолк пејачот Спасен Силјаноски. Дарко и Спасен, во месец март ќе остварат заедничка Австралиска турнеја.

-Ние сме од ист крај, доста се дружиме. Не само сега, туку уште многу одамна. И мајка ми потекнува од истото село од каде што Спасен потекнува. Така да, се знаеме одамна и како што кажав соработката моментално е поголема. Тој прави музика на еден мој текст, а имаме и нешто уште поголемо, можда е далеку, но сигурно ќе имаме заедничка турнеја здравје Боже, март-април заминуваме за Австралија заедно.-открива Стојаноски, за гледачите на ИН ТВ.

Дарко за прв пат ќе оствари турнеја во Австралија, а со оглед  на тоа што ќе пее исклучиво македонска песна, очекувањата се големи.

-Искрено се надевам дека ќе поминеме убаво и не се сомневам дека ќе имаме добри концерти со добра посетеност. Се разбира дека можам да ветам на тие кои што ќе дојдат дека одлично ќе си поминат.-додава пејачот, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Дарко изминатиов период промовираше два видео записи за песните “Анѓа од Галичник” и “Јана е најубава”. Видеата ги изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*