Пред Австралиската турнеја, Кико и Болеро бенд на концерти во Швајцарија и Германија

Периодов кој следи ќе биде доста исполнет со ангажмани и настапи надвор од земјава за Христијан Божинов Кико и група Болеро. Покрај големата турнеја во Австралија, тие пред заминувањето во оваа далечна земја ќе остварат неколку концерти во Швајцарија и Германија.

Овие денови, Христијан Божинов Кико и неговите колеги од група Болеро ќе ги искористат за малку да се одморат. Некои од нив ќе патуваат за атрактивната Турција, а некои ќе одмораат во Македонија. Кико пак, е задолжен и за организацијата на нивните турнеи. Тој за гледачите на ИН ТВ открива дека пред заминувањето на Австралиската турнеја, имаат веќе закажани концерти во Швајцарија и Германија.

-Па сега имаме една недела да се одмориме. Некои од колегите ќе патуваат за Турција, сакаат да го посетат Истанбул, јас немам време за тоа бидејќи имам уште некои обврски околу средувањето на турнеите. Пред да одиме за Австралија, следува забава во Швајцарија на 16-ти Ноември, во организација на Македонското друштво Пирок. Група Болеро ќе бидат како матичен бенд, ќе гостувам јас, Сузана Гавазова, Дамјан Стојаноски, Влатко Миладиноски, ќе има повеќе од 16 изведувачи. И точно пред 4 дена пред да одиме за Австралија, имаме една концертна забава во Франкфурт, Германија. Така да, пак ќе ни дојде малку заморно, но затоа го побрзавме Ване за во еден ден да снимиме повеќе спотови, за да ни остане време малку и да одмориме.-истакна Кико за естрадниот магазин Естрада плус.

Кико во интервјуто вели дека му останува малку слободно време, но сепак целото внимание во сите тие слободни мигови им го посветува на неговите дечиња и сопругата.

-Слободното време да ви кажам најискрено, го поминувам дома со мојата фамилија, сопругата и децата. Си пијам какао со  нив и интересно си го правам времето, така го поминувам слободното време. А истотака пишувам и по некој текст, кога ми доаѓа некоја идеја и инспирација.-додава познатиот пејач.

Инаку, Кико и група Болеро изминативе денови снимија четири видео записи, од кои два за песните “Сто срца и “Камера”, се веќе пуштени во етер. Во текот на следните денови се очекува да бидат промовирани и останатите два видео записи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*