Каков татко-таков син : Синчето на Даниел од Респекти покажува афинитети кон музиката

Каков татко, таков син. Малиот Доријан, синчето на Даниел Сидовски од група Респекти, иако има само две години и пет месеци, пројавува афинитети кон музиката.

Даниел од група Респекти, во моментов е еден од најбараните вокали низ нашата земја. Но, по неговите стапки со сигурност ќе тргне и неговото синче Доријан. Иако има само две години и пет месеци, тој уште отсега покажува афинитети кон музиката и пеењето. На социјалните мрежи Даниел често објавува слатки видеа со неговото синче, а сега повеќе детали околу тоа ни раскажува во интервју за ИН ТВ.

-Тој има две години и пет месеци, а кога имаше само пет месеци чудно, но вистинито дека фаќаше тонови. Она што јас ќе му го отпеам, тој го повторува. Ете го сега веќе знае доста песни, пее и ме обожава. На јутјуб не сум го терал да ме слуша, ама едноставно самата околина го прави тоа. Баби, дедовци, пријатели го пуштаат тоа. Па дури и во градинка му пуштале мои песни само за да биде помирен.-истакна Сидовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Даниел вели дека доколку неговиот Доријан има желба да стане пејач, за него ќе биде големо задоволство, но секако дека за што и да се одлучи понатаму во животот, тие како негови родители ќе му пружат најголема поддршка.

-Ако има желба за пеење би го пратил и на детско фестивалче кога ќе порасне, зошто да не. Ќе ми биде драго, нека биде многу поспремен од татко му, бидејќи татко му многу доцна почна со музиката, реално. Така да, тој нека почне од помлади години, ако не, тоа што ќе го влече во тоа ќе му дадеме поддршка ние како родители.-додава пејачот, за гледачите на ИН ТВ.

А кога станува збор за Даниел, деновиве во етерот е пуштен новиот спот за песната “Те сакам”, а тој периодов е сконцентриран на негова промоција.

Видеото е снимено на повеќе локации во Скопје, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*