Самостоен албум и низа новитети најавува Игор Бежаноски

По официјалната промоција на неговиот најнов спот, кој се очекува да излезе во секој момент, Игор најавува и низа новитети за следниот период. Промоција на негов албум, но и снимање на уште еден спот.

Игор Бежаноски периодов работи со полна пареа. После објавувањето на новиот спот за песната “Меракот ми остана” кој што се очекува да се случи во секој момент, тој најавува снимање на уште еден спот за нова песна.

-Откако ќе ја направиме официјалната промоција на овој спот и откако ќе завршиме со сета наша работа, по одреден краток период ете и тоа го најавуваме и откриваме како некој новитет, отприлика периодот околу Нова Година би сакал да најавам уште еден добар, професионален спот заедно со ИН Продукција.-открива талентираниот музичар, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Иако не сакаше да открива повеќе детали за новата песна, бидејќи сака да биде вистинско изненадување за публиката, Игор изјави дека и таа ќе биде во духот на македонската песна, односно во истиот стил кој што тие го негуваат.

-Албумот е дефинитивно комплетен, само сакав да ја организираме сета таа работа со завршувањето на промоцијата на овој спот, па ќе направиме промоција и на албумот. Инаку, сите песни се готови, се е прибрано, останува само да ја направиме промоцијата на овој спот и официјално ќе излезе и албумот.-додава Бежаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

На албумот ќе има народни песни, од кои повеќето се авторски, како и неколку композиции кои се наградувани на фестивалите низ Македонија.

За реализација на албумот, Игор вели дека се потрудил самиот тој, но и со помош на негови блиски музички соработници кои важат за големи професионалци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*