Кико и група Болеро подготвени за престојната Австралиска турнеја

Христијан Божинов Кико и група Болеро подготвени за престојната Австралиска турнеја. Закажани се осум концерти ширум повеќе градови, од кои и настапот за Новогодишната ноќ во  Мелбурн. Очекуваат пред се, одлична забава и незаборавни моменти со нашите македонци.

Периодов, поминува доста работно за Христијан Божинов Кико и неговиот Болеро бенд. Тие деновиве снимија четири видео записи, од  кои едниот за песната “Десет срца” веќе е пуштен во етер, а сите нивни обожаватели можат да уживаат во прекрасната песна и видеото.

При гостувањето во ИН Продукција, тие ја најавија и големата австралиска турнеја. Заминуваат во декември, а ќе останат околу месец дена.

-Во Австралија досега сум бил осум пати, а бендот мој има шест пати, двапати бев сам. Сега одиме во комбинација јас и група Болеро, на сцената ни се враќа Гонце Гогова Петкова, за првпат во Австралија ќе гостува големиот мајстор Фазли Сејфулов.-истакна Кико, за естрадниот магазин Естрада плус.

До овој момент, веќе закажани се нивните осум концерти, скоро во сите градови каде што ги има нашите македонци. За Дочекот на Најлудата Новогодишна ноќ Кико и група Болеро ќе ги забавуваат нашинците во “Grand Neret Reception” – Мелбурн.

-Засега има најавени осум концерти, ќе ги има на реклами и на социјалните мрежи, каде точно ќе се одржат истите. Турнејата ја организира најдобриот менаџер во Австралија, Влатко Јовески и “Republika Entertaiment”. Во неговиот “Grand Neret Reception” ќе биде и Дочекот на Новата 2020 година. Ќе бидеме во Сиднеј, Њукасл, Канбера, Волонгонг, Перт, Мелбурн.-открива Божинов, за гледачите на ИН ТВ.

Кико вели дека веќе се е подготвено за турнејата, вклучувајќи го и нивниот репертоар, а во Австралија заминуваат и со нивното ново цд. Тие се надеваат на уште една успешна Австралиска турнеја, а пред се, убава дружба со нашите македонци и одлична забава.

Во продолжение погледнете го нивниот спот за песната “Десет срца” кој што го изработи ИН Продукција !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*