Павле Кајмакоски ексклузивно за ИН ТВ : Даниел потекнува од патриотско семејство

“Даниел потекнува од големо патриотско семејство. Сето ова што се пишува за него е новинарска игра, а целта е да добијат на поголема читаност”. Ова го истакна таткото на Даниел Кајмакоски, Павле Кајмакоски кој деновиве ни гостуваше во ИН Продукција.

Павле Кајмакоски деновиве гостуваше во студиото на ИН Продукција, каде што промовираше две нови песни. Станува збор за една македонска патриотска песна која носи наслов “Александар Цар македонски” и една песна со печалбарска тематика “Покрај тебе да остариме”.

Но, меѓудругото тој во разговорот ги искоментира и последните гласини околу неговиот син, познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски и вели дека сето тоа што се пишува овие денови е голема новинарска игра. Еве што изјави таткото на Даниел за гледачите на ИН ТВ.

-Еве ќе ви кажам искрено. Даниел потекнува од едно големо патриотско семејство. Од прадедо е тоа семејство патриотски настроено, не само јас и татко ми или Даниел. Значи да повторам, од пра-пра дедо сме биле патриоти и верувам дека ова е една голема новинарска игра да биде срушено достоинството на Даниел или да се намали неговата репутација баш на шоуто Твоето лице звучи познато.-објаснува Павле, при интервјуто за ИН ТВ.

Тој апелира до медиумите да не пласираат невистини за неговиот син, со цел да добијат поголема читаност.

-Јас би ја искористил оваа прилика да ги замолам таквите медиуми, има многу начини како би можеле да се заработат пари и да бидат читани нивните медиуми. Дали весници или телевизии да бидат гледани. Нека најдат друг начин, а не да го омаловажуваат некого кој баш напротив и не е таков, воопшто. За Даниел гарантирам јас дека не е таков и тоа со сигурност не е намерно направено.-додава Кајмакоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Даниел има уште двајца браќа кои истотака покажуваат афинитети кон музиката и пеењето. Живеат во Виена, но ја негуваат македонската песна и важат за големи амбасадори на нашата земја, Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*