Игор Бежаноски : “Македонско девојче”, “Јовано Јованке” најбарани од странските гости

Игор Бежаноски е задоволен од тоа како помина ова лето за него. За есенскиот период вели дека ангажманите се во помал број,  но сепак ги има низ сите градови во Македонија.

Летниот период помина доста работно и за Игор Бежаноски. Тој е задоволен од летото, но вели дека ангажманите продолжуваат и во есенскиот период, најчесто низ Македонија. Заедно со неговиот бенд имаат веќе закажани настапи во Охрид, Битола, Скопје, Струмица, се до Предновогодишните празници.

-Летниот период помина со многу настапи и свирки, тука насекаде низ Македонија најчесто бевме во нашите краишта. Добро поминав, супер беше се во најдобар ред со многу работа, малку напорно. Продолжуваат настапите и оваа есен, малку се во помал број, но имаме доста настапи. Нашите настапи се најчесто за викенд, го знае тоа нашата публика и до Предновогодишните празници ќе бидеме тука во Македонија, ќе имаме настапи Битола, Охрид, Скопје, Струмица.-открива Игор, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Бежаноски е познат по тоа што ја негува македонската народна песна, а посебно староградската. Тој вели дека на неговите настапи често се присутни и странски гости, додавајќи дека било кој гостин, од било која националност, најпрво ја бара македонската песна. Како најбарани ги издвојува “Македонско девојче”, “Јовано Јованке”, “Ако умрам ил загинам”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*