Рекордни четири видеа во еден ден снимија Кико и група Болеро

Рекордни, четири видео записи во еден ден снимија Кико и група Болеро. Станува збор за песни со различна тематика. Видеата се снимаа во Охрид, а во соработка со ИН Продукција.

Кристијан Божинов Кико и група Болеро снимија четири видео записи во соработка со ИН Продукција. Снимањето на сите четири видеа се одвиваше на повеќе локации низ Охрид, а како што вели Кико, иако денот помина доста напорно, сепак се помина во најдобар ред и пред се, одлична атмосфера.

-Малку заморно беше денеска бидејќи веќе снимивме три спота, ни остана уште еден да снимиме тука во студиото на ИН Продукција. Денес навистина го срушивме рекордот за снимање на спотот.-истакна Кико, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тие периодов снимија повеќе песни, а од нив четири ќе си добијат свои видеа. Песните се разнолики, односно со различна тематика.

-Имаме една нова песна од лани, таа уште нема видео. За еден месец снимивме пет песни, од кои две се љубовни теми, една е за свадба, една е малку помодерна има рап, хип хоп нешто измешано за помладите. Има една песна за нашата земја, за плодната земја наша за Македонија.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Кико и група Болеро веќе го комплетираа и албумот со кој што во месец декември ќе заминат на престојната голема Австралиска турнеја. Како што откриваат при интервјуто за ИН ТВ на турнејата ќе останат месец дена, а ќе остварат бројни концерти низ сите градови каде што ги има нашите македонци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*