Новата песна на Игор Бежаноски ќе ja надмине “Виолината ми е судбината”

Во студиото на ИН Продукција се снимаше новиот спот од Игор Бежаноски за песната “Меракот ми остана”. Станува збор за убава и певлива песна, а Игор најавува и уникатен спот.

Игор Бежаноски деновиве сними спот за песната “Меракот ми остана”. Видеото се снимаше во студиото на ИН Продукција, а Игор за гледачите на ИН ТВ најави дека спотот ќе биде поразличен од останатите, односно како што вели тој, ќе биде нешто уникатно.

-Поводот за гостувањето во вашето студио е снимањето на новиот спот за песната која го носи насловот Меракот ми остана. Добро помина снимањето се  беше во најдобар ред. Очекуваме да излезе нешто добро и навистина квалитетно. Овој пат заедно со вашата продукција сакаме да понудиме нешто поедноставно, но сепак тоа да изгледа малку помодерно, уникатно.-истакна Бежаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Текстот за оваа песна го напиша Борче Нечовски, а за музиката и аранжманот се погрижи Златко Миладиноски.

-По подолг период се одлучив да снимам спот токму за оваа песна, бидејќи имав доста позитивни коментари за таа песна. Задоволен сум од реакциите на музичарите, професионалците кои што се занимаваат со оваа работа и секогаш се водам според тоа кога има нешто квалитетно, да се запази и да излезе нешто квалитетно што ќе остане. Кога ќе се свртиме назад после долги години, да видиме дека навистина сме направиле нешто добро.-додава тој, при интервјуто за ИН ТВ.

Игор очекува новата песна да ја надмине или барем да биде на исто ниво со песната која што претставува негова лична карта, а носи наслов “Виолината ми е судбината”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*