Даниел Сидовски : Време е да ги освежиме свадбарските песни

Даниел и група Респекти важат за музичари кои не мируваат и секогаш знаат да ја изненадат публиката со нешто ново. По баладата “Те сакам”, која што Даниел ја промовираше заедно со спот, најавуваат заедничка песна овојпат со свадбарска тематика.

Деновиве, вокалот на група Респекти, Даниел Сидовски ја промовираше неговата најнова песна, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција. Станува збор за одлична љубовна балада насловена “Те сакам”, а коментарите на социјалните мрежи веќе укажуваат дека песната ќе стане голем хит. Но, покрај оваа песна заедно со неговите Респекти, Даниел во моментов подготвува уште една песна, за која што открива дека ќе биде со свадбарска тематика.

-Имаме заедничка песна која што треба во следниот период да ја презентираме. Сакаме да ги освежиме малку свадбарските песни, новата песна ќе биде со свадбарска тематик и засега само тоа можам да го откријам. Веќе долги години се користат едни исти песни и бидејќи јас секогаш сум во друштво на младите гледам дека нивната желба за тие песни веќе згаснува. Сакам да доловам една песна од првите кои се свират на свадба, па дај Боже да успее и таа. Со Респекти тоа ни е моменталниот проект.-истакна Даниел, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

А кога станува збор за каверите на познати хитови, Даниел вели дека не ги оправдува и апелира до сите млади групи и пејачи да снимаат исклучиво нови авторски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*