Пејачка, актерка, писателка, полиглота или козметичарка?

Да, сето тоа, пет во едно е нашата естрадна ѕвезда Анета Наковска. Пред извесно време, таа на суво, на софра во својот дом придружувана само од хармоника ги запали социјалните мрежи со својата прекрасна интерпретација на преубави, тешки за изведба стари македонски песни. Имаше премногу позитивни коментари, меѓу кои и такви дека Анета е навистина наша музичка икона. Но, деновиве пак, таа нам сосема спонтано и непланирано ни приреди неколку изненадувања.

Имено, додека во Будва го снимавме спотот за нејзината најнова песна насловена како “Моминска молитва”, покрај нас поминуваа групи со Јапонски и Руски туристи, кои воодушевени застануваа и ја фотографираа нашата Анета, која пак со љубезна насмевка ги поздравуваше на нивниот јазик што уште повеке го засили нивниот восхит, а ние дознавме дека таа течно зборува англиски, шпански, а доста добро се служи и со португалски, турски, грчки и италијански. Таа умеее да пее песни на сите овие и на уште неколку јазици, но поради нејзината вродена скромност досега не го знаевме овој факт за неа, бидејки таа секогаш истакнува дека за неа најсвето е македонското и македонштината, така да најубавото според неа е старата изворна македонска песна. Анета го има и докажано тоа при нејзиниот прв настап во Српската престолнина во Пинк телевизија кадешто ја испеја “За Македонија” на којашто самата е комплетен автор.

Анета целиот нејзин живот пишува текстови претежно со моќна порака дека љубовта е секогаш посилна од се. За тоа вели од најголема полза и е што цел живот најдобар другар и е книгата, а во основно училиште има освоено награда на град Скопје во која над сите 70 деца рекордери читачи, таа беше прогласена за шампион читач. Извесно време одлично се снајде и како актерка додека глумеше во претстави со познатите актери Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски. Инаку, Анета е една од ретките на фолк естрадата која го има школувано гласот кај нашата најголема оперска дива, примадоната на Македонската опера, госпоѓата Милка Ефтимова на самиот почеток на нејзината кариера кога нејзиниот татко го организираше фестивалот “Тримери” во Струмица од кој излегоа прекрасни хитови.

 

 

 

 

Но, уште поубаво беше изненадувањето кое го доживеа самата Анета при снимањето на спотот на локација во Преспа, кога кај соседите на сопственичката на куќата со цвеќе кадешто снимавме имаше гости од Австралија кои беа видно восхитени од појавата на Анета и за сето време додека траеше снимањето тие неа ја снимаа пренесувајки ја на нивни блиски во Австралија и воодушевени од нејзините песни и глас ни кажуваа колку ја сакаат Анета Наковска и со какво нетрпение ја очекуваат во Австралија.

И најпосле, најново од Анета која не престанува да изненадува е тоа што таа неодамна успешно заврши козметички курсеви, бидејки навистина ужива да ги разубавува и подмладува луѓето, започнувајки да работи прво на себе, а потоа и на другите со најновата светска хит метода за затегнување на кожата на лицето, вратот, подочници, итн, па е воодушевена од резултатите како што кажа таа. Интересно е тоа што и сама си подготвува креми за лицето од исклучиво природни состојки кои имаат силен подмладувачки ефект, што впрочем се гледа и по неа.

Засега ја оставаме Анета да се фокусира и подготвува за најновото “Лајв шоу” кое ќе биде досега невидено нешто во придружба на маестро Милан Зафков и групата Маестро, а во соработка со ИН Продукција, кадешто нашата Анета ќе испее досега нечуени, многу стари македонски песни кои таа буквално ги обожава. Епа нам ни преостанува само да и посакаме многу среќа и успех во се што таа работи.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*