Нов хит на повидок : Сани уникатна во спотот за песната “Хаос”

Сани Гроздановска има нова песна, која што несомнено ќе стане голем хит. Песната носи наслов “Хаос”, а за истата сними и спот во соработка со ИН Продукција, кој се очекува да излезе во најскоро време.

Атрактивната и енергична Сани Гроздановска, неуморно работи на својата музичка кариера. Доказ за тоа е и нејзината најнова песна “Хаос”, за која како што кажува и самиот наслов, со сигурност ќе ја крене на нозе македонската публика. Таа деновиве заедно со ИН Продукција, кои важат за нејзини долгогодишни соработници сними спот за оваа песна, а во видеото покрај Сани, се појавува и моделот Димче Димчевски кој што одлично ја одигра својата улога.

-Јас си поминав прекрасно на снимањето, бидејќи атмосферата беше навистина разиграна и имаше многу смеа при снимањето. Целата екипа која беше вклучена во организацијата и снимањето беше одлична, па иако останавме доста часови, мислам дека времето ни летна набрзина.-истакна Сани, за естрадниот магазин Естрада плус.


За нејзиниот стајлинг се погрижија врвни професионалци, фризура Бојан Сејменовски, шминка Сим Салтирова, а фустаните ги изработи Наташа од Ал Апарел.

-Очекувањата се големи, но ќе видиме од крајниот резултат. Јас сум скромна личност, така да, ќе оставам самото време да покаже како ќе бидат прифатени и песната и спотот.-додава познатата пејачка, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, песната е дело на Борче Димитров, Орце Зафировски и Дејан Момироски. Таа вели дека тука не запира и дека во периодот кој што следува ќе сними уште две до три песни. Во интервјуто, Сани го најави и нејзиниот нов албум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*