Ана Николиќ во врска со својот личен возач

Ана Николиќ, наводно, веќе два месеци е во врска со извесен Иван, кој е нејзин личен возач. Ана ги криеше овие информации од јавноста, како и од нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуриќ – Раста, пишува српски Телеграф.

На раперот, тоа наводно, не му се допаднало.

– Кога Раста слушна дека Ана е во врска со возачот, тој полуде, а Ана е пресреќна во новата врска! Иван ја третира како принцеза. Тој дури ја натера Ана да ги намали килограмите – наведе изворот за наведениот медиум и додаде:

– Тие се познаваат со години, секогаш беа тука еден за друг. Конечно, по долго време, Ана е среќна и задоволна со себе. Тој ја охрабри да изгуби тежина, и да се посвети на кариерата. Николиќ се за заљуби. Иван се грижи многу и за нејзината ќерка на Ана и добро ја третира. Тој е едноставно вистинскиот човек за неа. Тој се грижи за неа и за детето. Иван и го посветува целото внимание на Ана, а таа покрај него се чувствува вредно.

Според изјавата, Ана и Иван биле во Македонија минатата недела и тогаш Раста дознал за нивната врска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*