Јошка ќе одбележи 25 години постоење на македонската естрада

Јошка е добропознат на пошироката јавност по неговата енергичност и бројните настапи ширум цела Македонија, а сега и во Австралија. Тој годинава бележи 25 години на сцената, а јубилејот планира да биде свечено одбележан со концерт во Битола следната година.

Познатиот фолк пејач Николче-Јошка, важи за еден од најбараните музичари од македонската естрада. Тој две години живее во Перт, каде што продолжува да ја негува македонската песна и да ја промовира ширум цела Австралија. Јошка опстојува долги години на естрадата, а доказ за тоа е и неговиот јубилеј од 25 години кој планира да го одбележи со голем концерт во Битола.

-Јас сум веќе долги години на естрадата. Оваа година правам 25 години, а догодина сакам да направам еден јубилеен концерт, тоа ќе биде во Битола. Планирам со еден многу познат пејач од Балканските простори, тоа ми е еден голем план за наредната година кога ќе се вратам здравје Боже.-истакна Јошка, при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Во интервјуто за ИН ТВ, меѓудругото тој ни го кажа и неговото мислење околу моменталната ситуација со македонската фолк естрада.

-За моменталната ситуација на естрадата, големо браво за сите што одат напред, излегуваат нови пејачи, па секоја нова генерација мора да наследи некој од постарите пејачи што биле и заминале. Ќе пратам еден апел, да се снимаат нови македонски песни и да се оди напред.-додава Јошка, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, пред неговото заминување за Австралија, кон крајот на месец август, Јошка во студиото на ИН Продукција промовираше два нови проекти со прекрасни македонски песни кои се отсвирени и отпеани во живо. За следниот период најавува и голем број новитети.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*