Северина повторно во финансиска криза

Северина Којиќ повторно подигнала кредит, овојпат во висина од 70.000 евра. Како што пишуваат српските медиуми, парите планира да ги инвестира на турнејата.

Ова е втор пат за помалку од една година пејачката да побара заем од банката, од која веќе позајми 100.000 евра за да го плати албумот. И во двата случаи, таа го заложила станот во Загреб, а сега и другиот во родниот Сплит.

Хрватската sвезда се подготвува оваа есен да потврди дека има високо место на музичката сцена, позиција која сериозно и беше разнишана изминатата година.

По раскинувањето на договорот со долгогодишниот менаџер Томица Петровиќ и лошиот пласман на нејзиниот последен албум, таа одлучи дека голема регионална турнеја може да ја врати на врвот, па затоа собра тим соработници и ги започна подготовките, но повторно реши да се обиде со пари на заем.

-Организацијата на турнејата чини над сто илјади евра. Дел од парите ги имаше, а остатокот ги дополнува со 70.000 што ги позајми. Тоа е истата банка што и даде кредит за снимање на албумот на почетокот на годината. Севе на почетокот на летото имала проблеми со исплата па и се заканувало активирање на хипотеката на станот во Загреб, кој инаку вреди околу 300 000. Таа го рефинансираше заемот и досега сè оди добро. Ратата е сè уште околу седум илјади месечно, но нејзиниот рок на отплата е продолжен за уште една година “, изјави извор близок до Којиќ за српски Курир , додавајќи дека банката лесно се согласила на заем со стан под хипотека.

Пејачката е навикната да зема кредити, а потоа да ги отплаќа. Пред неколку години, Севе најпрво под хипотека го стави станот во Сплит кога потоа купи пентхаус во Загреб, што го исплати во меѓувреме.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*