(ВИДЕО) Добро одбрани македонски хитови во проектот на Марјан Васкоски

Пред извесен период, Марјан Васкоски заедно со неколку негови музички соработници сними видео проект со познати македонски народни хитови. Видеото се снимаше во Етно ресторанот “Дедо Димо”, а е во соработка со ИН Продукција.

Добро одбрани македонски народни песни, во проектот на Марјан Васкоски. “Свадба е голема”, “Доста време ерген одев”, “Ја излези Ѓурѓо”, како и патриотски песни во кои е отпеана Македонија, се само дел од неговиот проект во живо. Марјан за снимањето на овој проект го одбра Етно ресторанот “Дедо Диме”, а истиот е во соработка со ИН Продукција.

-Станува збор за македонски народни свадбарски песни отпеани во сплетови, направени се четири сплетови по три песни за кои што се надевам дека ќе им се допаднат на гледачите како се тие изведени, затоа што сите тие песни се многу добро познати. Апсолутно, свадба не може да помине без тие песни и токму поради тоа најголем дел од моите настапи се на македонските свадби, крштевки, веридби. Токму поради тоа сакав да направам таков проект и се надевам дека ќе им се допадне на сите оние кои што ќе го погледнат видео проектот.-откри Васкоски, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Неговиот престој во Македонија го искористи за дружба со неговите колеги од македонската естрада, како и за настап на Изборот на Летен Фолк Хит на Македонија во општина Новаци.

Инаку, Марјан е вокал на Легато бенд од Мелбурн, а заедно се доста барани ширум цела Австралија, поточно во градовите каде што ги има нашите македонци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*