Дарко Стојаноски сними два видео записи на Галичник

Она што го ветува, го исполнува. Дарко Стојаноски при интервју за ИН ТВ најави снимање на два видео записи, а истите веќе ги реализира заедно со ИН Продукција. Снимањето се одвиваше на македонската туристичка атракција, Галичник.

Песните “Анѓа од Галичник” и “Јана убава” од фолк пејачот Дарко Стојаноски добиваат свои видеа. Дарко одлучи овие видео записи да се реализираат на неколку локации на падините на планината Бистра, поточно на туристичката атракција Галичник, така што покрај во убавите песни, преку овие видеа јавноста ќе има можност да ужива и во автентичната архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејсажи со кои располага ова место.

-Моментално две песни паралелно се подготвуваат. Текстот е мој, а музиката е на Спасен Силјаноски. Кај и да е, мислам дека за кратко време ќе ги снимиме. Имам уште една песна, што не е нешто конкретно, но мислам дека во најскоро време ќе излезе, бидејќи и времето не ни дозволува ќе гледаме да биде што побрзо. Сепак ќе биде во овој стил кој што го негуваме.-истакна познатиот пејач, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Тој пред извесно време во студиото на ИН Продукција промовираше три песни кои се со различна тематика. Станува збор за песните “Зошто лажеше”, “Пуста да е туѓина” и “Денес свадба правам”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*