На Аца Лукас му пропадна турнејата во Австралија

На пет дена пред заминување во Сиднеј, на Аца Лукас му пристигнало известување дека му е укината визата која му е издадена на 28 мај бидејќи не пријавил дека е кривично осуден, пишува „Курир“.

Лукас останал без 100 000 евра бидејќи Австралјанците му ја укинале визата која регуларно ја добил на 28 мај оваа година. Лукас требало да тргне на пат во Австралија, но морал да го откаже.

Како што пишува курир.рс, проблемот настанал кога по проверката било утврдено дека е кривично осуден, а тој во пријавата напишал дека не е.

„Се беше подготвено за турнејата на Лукас по Австралија. Картите во локалите каде што требаше да пее првиот ден се распродадени, авионските карти се купени, хотелите букирани. Се беше организирано на најдобро ниво“, вели извор и додава:

„Турнејата на Лукас требаше да почне и да заврши во Сиднеј, а во меѓувреме беше предвиден и настап во Мелбурн.“ вели изворот и објаснува дека проблемот настанал кога погрешно одговорил на апликацијата.

„Дојде до забуна, во делот на апликацијата каде стои прашањето дали е кривично осуден, Лукас стави дека не е бидејќи мислеше дека станува збор за тоа дали сега кривично го гонат. Не зборува добро англиски, па поради тоа настана проблем. Тој одговори со „не“ бидејќи кон него не се води ниту едно кривично дело, а познато е дека беше кривично осуден на 10 месеци кога призна за насилство во семејството“ тврди изворот.

Како што пишува „Курир“, менаџментот на пејачот прави се за Лукас да може да патува во Австралија.

„Веруваме дека ќе се заврши на најдобар можен начин. Аца се радува за тоа патување бидејќи секогаш е тука за публиката. Веќе настапуваше во Австралија и се беше во најдобар ред. Луѓето многу го сакаат и беше среќен што се е распродадено во краток рок. Ќе ги испочитуваме барањата на амбасадата, работиме на тоа да се реши оваа ситуација.“ велат од тимот на Лукас.

Пејачот не бил достапен за коментар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*