Група Тандеми : Подобро е да се вложува во спотови, отколку за настап на фестивал

Ретко може да ги видиме на фестивал. Група Тандеми во нивната досегашна 20 годишна музичка кариера, само три пати настапиле на фестивал. Тие повеќе се сконцентрирани на снимање песни и изработка на спотови.

Енергичните момци од група Тандеми постојано работат на снимање нов материјал и нови песни. Нив ретко може да ги видиме на фестивал, бидејќи како што велат, за нив е многу подобро кога би вложиле во снимање на спотови, отколку да се појават на фестивал.

-Па не знам за настапите на фестивал. Последен пат настапивме на Охридски Трубадури, не сакам да ги напаѓам, убаво е да настапиш, но мислам дека таму еден стил на песни се бараат, ние негуваме друг стил. Тогаш ја одбравме Љубиш, лажеш бидејќи таа песна беше наменета за Харис Џиновиќ од Боби од Куманово. Тој ни ја понуди, ние ја купивме и е доста интересна песна, но јас секогаш велам дека секоја песна треба да си го најде своето место и да се пронајдеме ние во песната.-истакна Горан, за естрадниот магазин Естрада плус.

При интервјуто за ИН ТВ, Горан, познатиот вокал на група Тандеми вели дека нема некое посебно мислење за фестивалите кои се одржуваат во Македонија.

-Не знам што да кажам за фестивалите затоа што досега три пати сме настапиле на фестивал и што и да кажам можеби ќе згрешам, па некој ќе се навреди. Сите знаеме како функционира тоа, сепак ние ќе се држиме вака. Кога ќе видиш една фестивалска песна навистина кошта, и оваа песна за спотот кошта, но сепак го  направивме она што ние го сакаме.-додава тој.

Група Тандеми ова лето снимија спот за нивниот хит “Пет до девет е”, а за следниот период најавуваат и комплетирање на нов албум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*