Ордан Ристески наскоро ќе одбележи јубилеј од 50 години творење и негување на македонската песна

Пред неколку години одбележа јубилеј од 40 години творење македонска музика а како иселеник посебно е да се напомене дека во најголема мера ја негува македонската песна. Прилепчаноцеот Оредан Ристески неодамна промовираше десетина нови песни а сними и два видео записи за негови две нови песни.

-Сега веќе ќе правам педесет години јубилеј, ќе извадам и ново ЦД. Инаку сум и музички директор на “Македонски иселенички средби ” музички настан кој се оджува во Германија, што тоа многу значи за мене како иселеник во дијаспората. Таа инспирација и таа идеја која ја имам јас неможам да ја запоставам и ќе продлжам и понатака додека можам да ги правам ваквите музички собири и настани во дијаспората. Следната година овој анстан ќе се одржи на десети јули истакнува Ордан.

Ордан во одбраниот материјал кој неодамна го промовираше се појавува заедно со својата колешка Јорданка Смилеска каде отпејуваат и неколку дует песни со печалбарска тематика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*