“Лице од инстаграм”нова песна од Божидар

Младиот битолчанец Божидар Николовски деновиве ја најавува својата втора авторска песна. Песната е насловена “Лице од инстаграм”, каде според насловот самиот говори дека станува збор за тренд песна.

-После мојата втора песна “Свој” која беше поп-фолк балада, сакав нешто поразлично, нешто што драстично ќе се разликува од се што дотогаш имав сработено. Добивав навистина многу понуди за песни, од најразлични автори, но ни една од понудените песни не беше ни блиску до она кое што јас го сакав и барав во тој момент. По навистина долга потрага по “совршената” песна за мене, изгубив надеш и решив екипата која ќе ја прави мојата замислена песна да ја составам сам и така и бидна. Ја составив екипата и им кажав што точно барам и што сакам и бидејќи ние и приватно се познаваме не им беше тешко да ме сфатат што сакам бидејќи тие го знаат мојот карактер и знаат какви текстови и аранжмани сакам јас, и така настана “Лице од инстаграм”. Зад “Лице од инстаграм” како композитори се потпишуваат, за музиката и аранжманот Мими Марковски, а зад текстот стои Дарко Јоцковиќ. Песната на крај звучи навистина онака како што сакав од самиот почеток, тој е тој урбан звук, урбан текст, кој може да им парира на сите моментални хитови, а сепак го има мојот печат. Одкако ја снимив песната за истата направивме и видео запис зад кои како главна продукција се потпишува Дејан Трајчевски. Во спотот учествуваат и моите пријатели кои се со мене од самиот почеток на мојата музичка кариера. Девојчињата кои играат во спотот за песната се од dance studio “EXPOSE” Битола, зад кои како кореографи стојат Ана Маркоска и Бобан Катароски. Стајлингот како за сите мои јавни појавувања така и за спотот му го доверив на моите најдобри бутик “VIP” Битола. Главен модел во спотот беше Аријана Амзаи која е државен првак во танци. Јас сум навистина горд за целиот проект и на сите луѓе кои учествуваа во истиот, а на пошироката јавност е да пресуди дали им се допаѓа или не, но едно е сигурно дека ќе уживаат во звукот и визуелизацијата на “Лице од инстагарам”, истакнува Божидар

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*