Дарко: Душата не ми дава да снимам спотови за новите песни а да ги запоставам моите хит рефрени како “Отвори порти” и “Анѓа од Галичник”

Големите хит песни “Отвори порти невесто”, “Анѓа од Галичник” од фолкерот Дарко Стојаноски наскоро ќе добијат свои видео записи. Имено како што итскана Дарко при неговото гостување во ИН продукција, веќе се договорени термините за почеток на снимање на видео записите, со ки ќе бодат овековечени овие големи хит рефрени по кои Дарко стана препознатлив пред публиката.

-Ќе почнеме прво со “Анѓа од Галичник”, “Отвори порти”ќе снимаме и мислам дека тие веќе до Нова година можеби ќе бидат готови. Кажав и претходно во оваа емисија неможам за новиве песни да снимам спотови, некако душава не ми дава да снимам за нив, а веќе со овие песни сум со нив и добро функционира. За нив ми е мака да ги оставам па веќе се договорени термини и ќе започнеме со снимање, истакнува Дарко.

Неодамна Дарко промовираше и три нови песни, од кои едната  “Зошто лажеше” е негова авторска песна додека пак другите две  “Пуста да е туѓина”, “Денес свадба правам” се дело на негов колега со кој Дарко често настапува, а аранжманот на песните се од страна на неговиот роднина Златко Миладиноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*