Орде Ристески снимаше два видео записи и промовираше десет нови песни

Прилепчанецот Орде Ристески кој долги години живее и работи во Германија, постојано ја негува и твори македонската песна. Неодамна во соработка со ИН продукција промовираше десет нови песни, од кои за две се снимија и видео записи. За истакнување е тоа што дел од повеќето песни му се дуетски заедно со својата колешка Јорданка Смилевска.

-Имав желба да ги испеам песните. Така беа оставени во фиока па редно беше некогаш да излезат на површина. Сакав за ИН продукција да бидат песни со добар квалитет, истакнува Орде.

Од сите десет песни, половината се дуетски со Јорданка, каде според тематиката на песните станува збор за љубовни и печалбарски песни. Нивната соработка на музички пан како што исткнува Јорданка, испаднала сосема случајно.

-Сличајно испадна соработката. Се пронајдоме на “Гоце Фест” 2014 , испеавме една песна “Стојан и Анѓа”. Потоа 2016 ја пеевме песната “Мајкин аманет” и сега снимивме 4 песни , тие се препеани песни  не се новосоздадени, истакнува Јорданка.

Ордан и Јорданка често се појавуваат и на фестивалските настапи во нашата земја, каде промовираат нови дуетски песни. Јорданка бележи своја кариера од над 50 години , а исто толку и Ордан, каде пред неколку години одбележа свој јубилеј со концерт во Германија.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*