Аца Лукас доби “црвен картон” од новата девојка

Откако Аца Лукас беше јавно виден како шета повторно со старлетата Наташа Шавија, со која веќе беше во „шема“ пред врската со мисицата, сегашната девојка на пејачот, Јована Дорошки „полуде“ и веднаш стави крај на нивната двомесечна врска.

Како што дознава изворот, сите биле изненадени кога Аца дошол на забава со Наташа. Двајцата не се разделиле, цело време наздравувале, се смееле, шепотеле, а Лукас и ја држел раката до коленото. Кога дознала Јована, таа веднаш го повикала Аца и му рекла дека не сака повеќе да го види.

“Јована полуде кога слушна дека Аца отишол со Наташа на забава, а неа и рекол дека оди на кратко, само да го испочитува газдата на локалот. Кога нејзините пријатели малку ја смириле, Дорошки само продолжила: „Лукас е за мене мртов“! Никогаш нема да се смирам со него и пак нема да го видам! Знам дека Шавија е негова долгогодишна „пријателка“ за цело време.“ – раскажува изворот, додавајќи дека Лукас не и се јавил после тоа, затоа што претпоставува дека таа е многу лута.

„Ниту Лукас и се јави на Јована, ниту таа нему! Ова е дефинитивен крај. Јована никогаш не би му простила што се појавил на забавата на Пинк со девојка со која некогаш се забавувал. Ова е голем срам за неа. Таа излезе следниот ден со пријателите во град за да покаже дека е слободна“.

Прашан за случката, Лукас само кусо одговорил: „Не сакам да коментирам повеќе за мојот приватен живот“, додека Наташа изјавила:

„Знаев дека Јована ќе зборува само грдо за мене, откако ме виде со Аца. Не ми е грижа што вели и што мисли за мене. Не сакам да зборувам за неа. Не ми е грижа дека Аца и јас бевме заедно, па таа се лути. Искрено, жал ми е за неа. А што се однесува до мојот добар пријател, ако е за негово добро да се помири со неа, тогаш јас сум за, но не мислам дека е така. Добро е што раскинаа“, заклучила старлетата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*