Џесика Палашоска подготвена за нови бурни периоди

Откако си зеде одмор од неколку месеци, атрактивната фолк пејачка Џесика Палашоска со нови сили продолжува со нејзините ангажмани. Таа вели дека е подготвена за нови бурни периоди.

По кратката пауза од настапи и снимања, Џесика Палашоска со полна енергија се враќа на музичката сцена. Таа е позната по нејзините чести патувања надвор од Македонија, понекогаш работно, а повеќе приватно. Но, вели дека после сето тоа одморот од неколку месеци убаво и дошол.

-Патувањата се кога приватно, кога професионално и сметам дека токму поради тие патувања ми требаше период кога морав убаво да се одморам, бидејќи навистина бев уморна. Сега мислам дека сум одморена и дека повторно е време за бурни периоди.-раскажува Палашоска, за гледачите на ИН ТВ.

Во следниот период и престојат доста ангажмани, а атрактивната пејачка е веќе подготвена за сите предизвици.

-Од истата причина која ја наведив. Затоа што мислев дека тој период треба да се повлечам и го исполнив тоа. Работам доста години и едноставно се осетив дека ми треба период за мене, да си одморам и да можам да продолжам понатаму. Тоа според мене беше супер, поради тоа како што кажав веќе следи нов бурен период со настапи, како надвор така и тука во Македонија, така да веќе сум одморена и спремна сум за работа.-додава познатата пејачка.

Инаку, таа во моментов се наоѓа во Мелбурн, каде што следи нејзиниот настап на Шампионскиот бал организиран од Македонскиот фудбалски клуб Престон. Џесика ќе биде придружувана од Легато бенд-Мелбур и Марјан Васкоски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*