Сенидах фатена со момчето кое го криеше од јавноста

Една од најпопуларните женски изведувачи во регионот, словенечката пејачка со босанско потекло Сенидах, ретко објавува фотографии со детали од нејзиниот приватен живот.

Особено го крие својот љубовен живот, а малкумина знаат дека во моментот ужива токму во љубовта со извесен Стефан. Бидејќи Сенида фасцинира со својот изглед и харизмата, се очекуваше покрај неа да се појави некој ултразгоден маж.

Како што дознаваат регионалните медиуми, Сенида и Стефан веќе долго време се познавале, за што сведочи и малку постарата фотографија од нив. Но, од пред неколку месеци тие се во врска и како што може да се види од фотографиите Сенида и Стефан се вљубени до уши.

Двојката уживала на јахта, а престојувале во стариот град на Херцег Нови, каде што биле сместени претходните денови. Сопственичката на хитот „Камиказа“ со ова ќе разочара многу мажи, зашто нејзиниот статус сега гласи – зафатена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*