Нова песна и фестивалски настап најавуваат Профа бенд од Кичево

Нова песна и фестивалски настап најавуваат Теодора и Горан од Профа бенд-Кичево. Песната веќе се подготвува, останува уште да одлучат на кој фестивал ќе ја претстават.

Профа бенд од Кичево се добропознати кај јавноста по бројните настапи на семејните прослави и локалите низ целата земја. Тие на крајот на месец август настапија на Изборот на Летен фолк хит кој се одржа во Општина Новаци, каде што пред тамошната публика ја претставија “Песно, животе мој”. За оваа песна тие снимија и спот во соработка со ИН Продукција, кој што наиде на доста позитивни коментари од јавноста. При неодамнешното интервју, Теодора, вокал на бендот открива дека во моментов се подготвува нова песна која што ќе биде промовирана на некој од фестивалите низ Македонија.

-За понатаму сеуште немам некои дефинирани планови, можно е  учество на некој фестивал, меѓутоа сега сеуште подготвуваме песна. Така да, дефинитивно немаме некој план и немаме ништо договорено, но можно е учество на фестивал во зимскиот период, можеби месец ноември.-истакна Теодора, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај фестивалски настап, тие го најавуваат и нивниот прв албум, бидејќи како што велат веќе имаат квалитетен материјал, а им недостигаат уште 2-3 песни.

-Досега имаме шест песни што се снимени. За некој албум викаме дека треба 8-9 песни но тоа не е некоја бројка што мора да биде фиксна. Песните се различни по карактер, имаме и печалбарска, свадбарска и за помлади за секого по нешто. Сите песни се шаренолики и снимени на различни места, како и отпеани на некои од фестивалските настапи, вели Горан Делевски.

Кога станува збор за настапи, тие велат дека летниот период помина доста работно за нив, па време е деновиве да се одморат и да ја подготват агендата за понатаму.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*