Дани и Игор од Тик Так подготвуваат нова песна

Дани и Игор од Тик Так подготвуваат нова песна. Зад себе тие ја имаат првата заедничка песна која е насловена “После тебе”.

Групата Тик Так секогаш работат со полна пареа. При неодамнешното интервју за ИН ТВ тие откриваат дека во есенскиот период ќе следува снимање на нов материјал, односно нова песна, која што ќе биде во доста интересен ритам.

-Сме со намера да снимиме нова песна. Не е сеуште одредено точно што би било вистинското, но колку повеќе мислиш не е баш како што треба. Доколку е спонтано, секогаш излегува како што треба.-истакна Дани, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Тик Так важат за музичари кои се доста барани во различни локали низ целата земја. Агендата за летниот период беше навистина исполнета и можат слободно да се пофалат дека ова лето беше едно од поуспешните за нив.

-Настапуваме низ цела Македонија, Гостивар, Македонски Брод, Прилеп, Битола и насекаде каде што имаме ангажмани.-вели Игор, при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, тие опстојуваат долги години на македонската естрада, а зад себе ја имаат и заедничката песна “После тебе” со која што настапија и на Изборот на Летен Фолк Хит на Македонија во Општина Новаци.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*