Јошка ги презентираше двата нови проекти во живо

Добропознатиот пејач Јошка, кој што важи за голем амбасадор на македонската песна ширум Австралија, во студиото на ИН Продукција ги презентираше неговите два нови проекти. Станува збор за преработка на македонски народни песни, отсвирени и отпеани во живо.

Еден од најбараните македонски пејачи, кој веќе две години живее во Австралија, летниот период го искористи за подолг престој во Македонија. Николче-Јошка гостуваше во студиото на ИН Продукција каде што ги промовираше неговите два нови проекти кои се отсвирени и отпеани во живо. Како што истакна тој при интервјуто за ИН ТВ станува збор за преработка на добро одбрани македонски народни песни.

-Едниот проект се состои од материјал долг 30-40 минути со македонски песни во живо. Снимени се со моите колеги и другари од Битола повеќето членови на Кристали бенд, мојата последна група со која што настапував пред да заминам за Австралија и така одлучивме да снимиме нешто за да ни остане голем спомен. Мислам дека ќе наиде на добри коментари од гледачите. Другиот проект ми е во соработка со Петар Јови, мојот колега и другар кој е истотака битолчанец, а долги години живее во Сиднеј. Со него решивме нешто да снимиме додека бев во неговиот град. Снимивме две добри нумери, ќе имате можност да ги слушнете и вие и сите гледачи.-открива Јошка, за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој вели дека за реализација на овие проекти размислувал уште пред да замине за Австралија, а неговите очекувања се и двата да бидат добро прифатени од јавноста. Неговата идеја е да ги оживее некои од подзаборавените македонски хитови, но и да може да ги промовира во далечната Австралија преку видео.

-Целта е да ги обновиме некои македонски песни кои што се подзаборавени. Во проектот се вметнати песни од Кенан Таировски, Група Елита и сите наши другари и пријатели, од покојниот Гоце Арнаудов и такви некои пејачи кои ни беа идоли во текот на мојата кариера. Сакав да ги обновам песните и да останат за спомен, па и да можам да ги презентирам низ Австралија.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, деновиве Јошка се враќа во Австралија, каде што продолжуваат неговите работни ангажмани. Тој вели дека агендата за периодот кој што следува е исполнета со настапи претежно низ локалите во Перт, но не изостануваат и големиот број семејни веселби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*