Сузана Гавазова уште еднаш покажа колку е згодна

Сузана Гавазова уште еднаш покажа колку е згодна. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од нејзиниот одмор во Грција и изгледа како сирена на морскиот брег.

Познатата фолк пејачка и една од најбараните на македонската естрада, Сузана Гавазова конечно си одвои малку време за себе и замина на одмор. Летниот период навистина помина доста турбулентно за неа, па време беше да земе здив и убаво да се одмори, да ги наполни батериите за ангажманите кои и престојат во следниот период.

Гавазова ужива на море во Грција, а на социјалните мрежи објави фотографии во бикини каде што го покажа згодното тело. Таа на сите им покажа дека навистина се исплатеше нејзиното вежбање во теретана во текот на целата година.

Изминатиот период таа го искористи за успешно да се пробие и на српскиот пазар. После нејзиниот хит “Хало” и атрактивниот спот, таа промовираше уште една песна на српски јазик која е насловена “Намазана”. За следниот период таа најавува голем број новитети за нејзините обожаватели.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*