Милица Тодоровиќ нема среќа во љубовта-Раскина со нејзиното момче

Наместо свадба како што многумина очекуваа, српската пејачка ги разочара сите раскинувајќи ја врската со својот долгогодишен партнер.

Имено Милица Тодоровиќ раскина со своето долгогодишно момче Милош Пауновиќ, а оваа вест одекна во сите српски медиуми иако многумина очекуваа крунисување на врската.

Тие не биле во врска веќе со месеци, а наводно пејачката го замолила тој додека таа е на турнеја да се спакува и да си замине од заедничкиот стан каде што живеле.

Парот беше во врска повеќе од пет години, а долг период и соработувале, а Милица во врската влезе откако претходно раскина со братот на Саша Ковачевиќ, Раде.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*